Извршена е реконструкција на Постројката за битуменски ленти

Во соработка со реномираната италијанска фирма “BOATO”, отстранети се тесните грла на Постројката за производство на хидроизолациони ленти. Позначајни промени се:

  • Реконструирана е кадата за наносна маса
  • Поставени се нови мешалки за производство на пластомерни и еластомерни наносни маси
  • Поставено е нова автоматска регулација и контрола на дебелината на лентата
  • Нов систем за поефикасно ладење на лентата
  • Нов уред за амбалажирање и дизајнирање на битуменските ленти
  • Нов систем за автоматска припрема на масата и водење на лентата и др.
icon Новости