Голема награда „Творец на векот“ за животно дело во претприемништвото со златна лента - за 2018 година за Г-дин Стојанче Стојанов

Долгогодишниот директор, а сегашен Претседател на Одборот на директори на компанијата БИМ а.д. од Свети Николе, Г-дин Стојанче Стојанов на шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа - 300 НАЈДОБРИ“, кој од 22 до 24 март 2019 година се одржа во Дубровник, Република Хрватска, ја доби престижната - Голема награда „Творец на векот“ за животно дело во претприемништвото со златна лента - за 2018 година, како признание за личниот придонес и успех во развивањето на претприемништвото. Наградата е добиена во конкуренција на 363 прептриемачи од Австрија, Чешка, Украина, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Украина, Унгарија, Турција, Србија, Германија, Полска, Словачка и Швајцарија и претставува највисоката награда што се доделува на таа манифестација.

 

icon Новости