|
.
|
![]() |
|
Извршен
директор - Дипл. инж. Стојанов Стојанче 032/455-190
Негово
прво вработување е во БИМ а.д. во периодот кога отпочнува со работа Фабриката
за производство на битумен, на работно место раководител на погон за производство
на битумен. По краток период го менува работното место и станува раководител
на целото производство, за потоа како заменик на генералниот директор
да биде со посебни задачи во организирање на производството, лабораторијата,
примената на производите и развојот. Сега е извршен директор и раководи со Службата за развој, примена и следење на квалитетот и лабораторијата. Учествува на многу семинари, симпозиуми, предавања и сл.од оваа област во земјата и странство. Дава технолошки решенија за поедноставување на производството, негово зголемување и подобрување на квалитетот, како и изнаоѓање на нови производи. Секоја година во производство пушта нови производи како што се: БИМПЛАСТ, БИКУМАСА-М, БИМИЗОЛ, БИКУТЕКС повеќе видови РАЗРЕДЕНИ битумени, КИТОБИТ, ПОЛИАВТОБИТ, маса за фуги ФУГОБИТ А и Б, ПОЛИБИМ, БИТУМЕНСКА ШИНДРА и многу други производи кој се веќе стандардни производи со атести и сертификати, а се во рамки на производствената програма на БИМ а.д. Добитник е на "Диплома за постигнати особени резултати на полето на иновациите и техничките унапредувања" од Стопанската комора на Р. Македонија во 1995 година. Од Стопанската комора на Република Македонија извршниот директор,Стојанче Стојанов е прогласен за “менаџер на годината за 2002 година”, врз основа на постигнатите особени резултати во унапредувањето на организацијата на работењето, производството, прометот и услугите. |
|
|