.
. Историјат
 

БИМ а.д. од Св. Николе е формиран 1957 год. како фабрика за производство на битуменски хидроизолациски материјали. Од тогаш бележи континуиран развој, пред сe во производството на класични битуменски хидроизолациски ленти, класични битуменски маси, битуменски лакови и битуменска емулзија за патиштата.

Во 1964 год. се специјализира за вградување на сопствените производи.
Нов период во својот растеж фирмата бележи од 1976 год., кога беше ставена во погон новата фабрика со што се овозможи подобар квалитет на сопствените производи и поголеми развојни можности. Истата година е откупена и лиценца за производство на пластифицирани ленти (Бикутоп) од "MEYNADIER" Швајцарија.

Од 1985 год. започна со производство на Битуменска шиндра, а значаен сегмент во развојот на полимерските битумени започна во 1988 год. со производство на Бикумаса-М, и ладната паста Бимизол.
Со приватизацијата од 1991 год. БИМ а.д. е приватизирано претпријатие.
Посебен придонес во модернизацијата на патиштата БИМ а.д. има со производство на полимерскиот битумен Полибим од 1998 год.