Производствени погони

виртуелен приказ

1. Битуменски ленти

виртуелен приказ
Хидроизолациските битуменски ленти се состојат од влошка, обложена од двете страни со битумен и заштитени со посип или фолија.
Примената на лентите зависи од видот на влошките и видот на битуменот. Влошката може да биде од суров картон, стаклен воал, стаклена ткаенина, полиестерски филц, алуминиумска фолија и конопна ткаенина.
Количината и квалитетот на битуменот со додатоците го условува видот на лентата предвидена со стандардот МКС.
Широк е асортиманот на битуменските хидроизолациски ленти и тоа:
класични хидроизолациски битуменски ленти коишто се на база на оксидиран битумен со полнител, армирани со суров покривен картон, стаклен воал, стаклена ткаенина, јута, метални фолии, полиестерски филц и др.; се применува по системот на лепење со топла битуменска маса;
специјални хидроизолациски битуменски ленти коишто се на база на битумен и полиестерски филц; се применуваат по системот за лепење или заварување со плински пламеници и се со дебелина 3, 4 и 5 мм.;
високо еластични хидроизолациски ленти - БИКУТОП; според намената се произведуваат за хидроизолација, за парни брани и слој за изедначување на парниот притисок, заштитно декоративни хидроизолациски ленти; се употребуваат и за изведување на сите видови подземни и надземни хидроизолации, изолации на темели, покриви, тераси, мостови, метроа, тунели, базени и сл.;
· за градбата на коси покриви, во својата програма БИМ а.д. го внесе и производството на БИТУМЕНСКА ШИНДРА.
Хидроизолациските системи се состојат (зависно од барањата), од комбинација на ленти, меѓусебно залепени со врел битумен ИБИТ 85/25, бикумаса или заварени со пропан бутан.
Хидроизолацијата се вградува на претходно добро подготвена подлога со лепење или заварување. Подлогата треба да биде рамна, цврста, сува, обеспрашена, премачкана со БИТУЛИТ -Б1. При вградување, битуменските ленти се ставаат со преклоп од минимум 10 см.


Битуменски маси
Битуменски пасти
Разредени битумени
Емулзија








2
. Битуменски маси
Во погонот за битуменски маси се произведуваат класични и пластифицирани битуменски маси, кои се вградуваат по топла постапка, а служат за:
хидроизолација на темели на градежни објекти,
изолација на рамни покриви и тераси,
лепење на паркет и други дрвени облоги,
антикорозивна заштита на челични цевководи и цистерни,
залевање на бетонски, камени, дрвени и асфалтни фуги,
хидроизолацијата кај мостовите,
производство на полимерски модифициран битумен за асфалтни патишта и сл. (ПОЛИБИМ).




3
. Битуменски пасти
Во овој погон се произведуваат битуменски пасти кои се карактеризираат со:
отпорност на негативни ефекти на екстремно ниски и високи температури,
голема отпорност на појава на пластични деформации и пукнатини,
висока атхезија со камениот агрегат,
поголема отпорност на замор и стареење,
зголемен век на траење,
поекономични се поради поголема трајност и намалени трошоци на одржување.
Сите овие производи се вградуваат по ладна постапка и своја примена наоѓаат при:
хидроизолација на рамни покриви, бањи, вкопани резервоари, санација на стари хидроизолации,
пополнување на фуги помеѓу лим и окапница, лим и стакло и др.,
антикорозивна заштита на автомобили,
лепење на сите видови паркети и ПВЦ-плочи,
заштитен рефлектирачки заштитен слој.


4. Разредени битумени
виртуелен приказ
Во погонот за разредени битумени се произведуваат производи коишто се одликуваат со:
· голема атхезивност и добра обработливост,
· нанесен и и исушен слој кој е еластичен и отпорен во широк температурен интервал,
· добра приспособливост на разновидни подлоги: бетон, лим, опека, битуменска изолација и сл.
Овие производи се вградуваат по ладна постапка, а служат:
· како основен премаз за бетонски подлоги, челични конструкции, цевководи, цистерни и сл.,
· за регенерирање на дотраени асфалтни подлоги и импрегнирање на бетонски и асфалтни површини.


5. Емулзија
Во овој погон се произведува битуменска емулзија применлива за модернизација и изградба на асфалтни патишта.
Емулзијата е алкална и тоа:
стабилна ,
полустабилна и
нестабилна.
Во тек се лабораториски и индустриски проби за воведување на производство на кисела и полимербитуменска емулзија.
Развојните можности на овој погон се гледаат во насока на вакви производи, со што претстои модернизација и доопремување на истиот.