Топли
битуменски маси
Полибим - Полимерски модифицирани
патни битумени за патишта на иднината
Со развојот на патниот сообраќај, како од аспект на зголемениот обем така
и од аспект на нови типови на превозни средства со големи капацитети и
специфичните климатски услови со екстремно високи и ниски температури,
Секторот за развој со својата лабораторија во БИМ, а во соработка со лабораториите
при градежните фирми и консултации со компанијата SHELL CHEMICALS EUROPE
од Амстердам ги произведе полимерски модифицираните патни битумени ПОЛИБИМ
на база SBS каучук.
Асфалтните смеси изработени со ПОЛИБИМ битумените во споредба со смесите
со класични стандардни битумени се карактеризираат со:
· извонредна еластичност,
· отпорност на негативните ефекти на екстремните, ниски и високи температури,
· голема отпорност на појава на пластични деформации и пукнатини,
· висока атхезија со камениот агрегат,
· поголема отпорност на оптоварување и стареење,
· зголемен век на траење,
· поголема економичност (поради поголемата трајност и намалените трошоци
на одржување).
Примена - Основната примена на ПОЛИБИМ битумените е како висококвалитетно
врзиво за изработка на асфалтни смеси од типот на:
- класично густо проектирани асфалтни смеси по топла постапка,
- специјални дисконтинуални асфалтни смеси за завршните слоеви како сплит
мастикс асфалти и дренирачки асфалтни бетони,
- асфалтни смеси изработени по студена постапка,
- површинска обработка,
- специјални меѓуслојни третмани за амортизација при надградби и санација
на стари испукани коловозни површини (SAMY - слоеви),
- автопатишта и патишта со многу тешко сообраќајно оптоварување (ленти
за бавни возила, делници со стрмни наклони, наплатни рампи и слично),
- градски сообраќајници со интензивен сообраќај, автобуски постројки,
раскрсници, површини пред семафори и сл.,
- аеродроми (полетно-слетни патеки, возни патеки и постојки),
- завршен асфалт - бетонски слоеви и хидроизолации на мостови.
|
|
|
Бимизол
- Еднокомпонентен хомоген премаз во вид на паста на база на битумен, полимер,
растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка без претходно растворување
или загревање.
Карактеристики
- се одликува со голема атхезивност и добра обработливост;
- нанесениот и исушен слој е еластичен и отпорен во широк температурен
интервал (висока точка на размекнување, не пука на ниски температури,
голема еластичност, отпорен на оптоварување);
- поседува добра приспособливост за бетон, лим, опека, битуменска изолација
и сл.;
- овозможува изведување на монолитна изолација.
Примена - Добрите особини на Бимизолот му овозможуваат широк спектар
на примена и тоа:
- хидроизолација на рамни покриви, особено при разрешување на осетливи
детали (продори, сливници, атика, кровни завршетоци);
- хидроизолација на влажни јазли (бањи, перални, изолација на надворешни
ѕидови, подови во подземни простории и сл.);
- антикорозивна заштита на нови лимени површини, вкопани резервоари, санација
на стари лимени покриви и сл.;
- во нискоградбата при обработка на тунели, хидроизолација на резервоари,
каптажи и сл.;
- лесна и брза санација и репарација на стари и пропаднати изолации.
Вградување - Се нанесува на сува, чиста, обеспрашена и рамна површина.
Прво бетонската подлога се премачкува со прајмер-пенетрат Битулит - Б-1
или Б-2. На исушениот пенетрат се нанесува БИМИЗОЛ, со челична глетарка
во количина од 2 - 3 кг/м2, се зајакнува со стаклена мрежа, а по 24 часа
се нанесува вториот слој БИМИЗОЛ.
Ваквиот систем на хидроизолација е адекватен на две хидроизолациски ленти.
Го препорачуваме како завршен слој задолжително премачкан со рефлектирачки
слој.
Кај проодни површини, заштитата се врши со соодветна механичка заштита.
На стара битуменска изолација (ако има подигнување) се сече тој дел накрсно,
се завртуваат краиштата, се премачкуваат со Бимизол и се лепат, а старата
лимена површина прво се пескари, по потреба се крпи и се премачкува со
Битулит - Б-1. Се применува истата постапка како и во претходниот случај.
Атестирање - Материјалот е испитан во Институтот за испитување
на материјали на Република Србија, има уверение за квалитет, анализа ИМС
бр. 10/89.
ХТЗ мерки - Неопходна е примена на сите мерки и прописи за работа
со запаливи материјали. Да се чува подалеку од извор на топлина и отворен
пламен, а по употреба амбалажата добро да се затвори.
Складирање и транспортирање - Се транспортира во оригинална амбалажа
заштитена од директни сончеви зраци, а се складира во затворени простории
и настрешници.
|
|