|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Хидроизолациските ленти се пакуваат во ролни, се складираат и транспортираат исправени. Типови на хидроизолациски ленти кои се произведуваат во БИМ а.д. се Бикутоп, Покле, Воалoбит, Бимпласт, Бимпак, Конобит, Битал, Дибитал, Стабит Својства - Бикутоп е хидроизолациска лента обложена од двете страни со високо квалитетна битуменска маса, произведена од специјален битумен, обогатен со еластомери на база посебно избрани каучуци и квалитетни минерални полнила. Како влошка се користи стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц. Бикутоп лентата е непосипана или посипана со ситен посип или со посип во боја. Се произведува во дебелина од 2,6 до 4,0 милиметри. Примена - Бикутопот се употребува за изведување на сите видови подземни и надземни хидроизолации, изолација на темели, покриви, тераси, мостови, тунели, базени и слично. Со БИКУТОПОТ може да се изведуваат секакви видови системи на хидроизолација на секакви подлоги (бетон, челик, дрво и др.). Во системот на хидроизолацијата може да се комбинира и со други видови хидроизолациски материјали. Вградување - Бикутопот е висококвалитетна хидроизолациска лента, квалитетна хидроизолација, се добива со стручно и правилно вградување кое поднесува големи дилетирања на објектот, издржлив е на притисок од подземни води, има голем дифузен отпор, погоден е при вградувањето и ја зафаќа положбата на подлогата. Се вградува со врела битуменска маса, бикумаса или со заварување со пропан бутан. Хидроизолацијата од два слоја со БИКУТОП заменува конвенционална изолација од 5 слоја. Атестирање - Производот е атестиран од овластена институција. Складирање и транспорт - Хидроизолациските ленти се пакуваат во ролни, а се складира и транспортира во исправена положба и во покриена просторија или возило. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ТИП
НА БИТУМЕНСКА ШИНДРА
Д и м е н з и и ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Покле е производ од програмата "Битуменизиран покривен картон" и всушност е суров картон импрегниран со битумен, од двете страни обложен со битуменска маса и заштитен со погоден минерален материјал (песок). Служи за изолација од вода и влага. Примена: - Покривната лепенка "ПОКЛЕ" поради едноставниот начин на вградување, има широка примена и тоа за: - привремена заштита на објекти, материјали и сл. од атмосферски талози, - заштита на привремени објекти, отворени складишта, настрешници, шупи, бараки и др., - заштита на термоизолација, посебно на покриви, кога ќе се постави под битуменска шиндра, ќерамиди и сл. - како меѓуслој при изведување на вертикални и хоризонтални хидроизолации. Вградување - Се вградува со слободно положување или со лепење со врела битуменска маса (на бетонска и сл. подлога). На дрвена подлога се вградува со ковење (шајки со широка глава) на првиот слој, а вториот слој се лепи со врела битуменска маса за првиот. Атестирање - Производот е атестиран во овластена институција. Складирање и транспорт - Се складира и транспортира во исправена положба во покриена просторија или возило. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Воалoбит е битуменска лента, на база суров стаклен воал обложен од двете страни со битуменска маса, заштитен со погоден минерален материјал. · отпорен е на скапување и распаѓање, · постојан е на влијанието на влага и вода. Примена - Служи за изолација од вода и влага.Се употребува за изведување на сите повеќеслојни системи на хидроизолација на рамни покриви, тераси, подови, бањи и сл., како и за подземна хидроизолација.Погоден е за изолација на цевки однадвор. Вградување - Се вградува со лепење со врела битуменска маса. При вградување се става преклоп 10 см. Подлогата на која се вградува мора да биде сува, чиста и обеспрашена, премачкана со основен премаз (БИТУЛИТ Б1). Атестирање - Производот е атестиран од овластена установа. Складирање и транспорт - Се складира и транспортира во исправена положба во покриена просторија и возило. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Бимпласт е хидроизолациска лента за заварување на база битумен, полимер, полнила и влошка (стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц ). По барање на нарачателот се произведува без полимер и носи ознака К. Од двете страни лентата е обложена со полиетиленска фолија, а по барање на купувачот може да биде посипана со ситен минерален посип или во комбинација.Бимпластот е хидроизолациска лента со голем дијапазон на стабилност од ниски до високи температури, спаѓа во редот на поквалитетните ленти за хидроизолација. Хидроизолацискиот систем дава стабилност, трајност, едноставност за примена и добра приспособливост. Примена - Бимпластот се применува за изведување на повеќеслојни хидроизолациски системи на покрив или под земја, во два или повеќе слоја, самостојно или во комбинација со други хидроизолациски ленти. Се применува на секакви видови подлоги (бетон, челик, дрво и сл.) Вградување - Се вградува со заварување (со пропан бутан) или со лепење со врела битуменска маса. При вградување се става преклоп од 10 см. Подлогата на која се вградува мора да биде сува, чиста и обеспрашена, премачкана со основен премаз (Битулит-Б-1). Кога се поставува втората лента, средината на вториот слој треба да биде точно над спојот на првиот слој. Атестирање - Производот е атестиран од овластена установа. Складирање и транспорт - Се складира и транспортира во исправена положба во покриена просторија или возило. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|